Голманот на Арсенал со порака до Емери – Извинете…

Арсенал денеска му врачи отказ на Унаи Емери, откако со вчерашниот поразо од Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа, серијата без победа го достигна бројот седум.

Сепак, на „Емирејтс“ се уште има луѓе кои веруваат  дека Емери не е единствениот виновинк за очајната форма на клубот од Лондон. Голманот Емилијано Мартинез објави извинување кон искусниот стратег и тренерот за голмани на Арсенал Хави Гарсија.

„Ти благодарам Унаи Емери, ти благодарам Хави. Простете што ве изневеривме. Наша вина е што не игравме на вистинскиот начин. Сигурен сум дека повторно ќе се сретнеме“, напиша 27 годишниот голман. 

Се вчитува...