Провокација на ниво: Каде е Јамал? Ене го, во џебот на Кукуреља

Роберто Санчез, голманот на Челси ризикува казна од својот клуб, поради своето однесување по натпреварот во Лигата на шампионите против Барселона, во кој неговиот тим славеше со убедливи 3-0.

Тој го потцени противникот, што не би требало да го прави против далеку послаби тимови, а не против славната Барселона. Изјавата на Санчез после вчерашната победа на Челси ги окупираше социјалните мрежи.

„Каде е Јамал? Ене го, во џебот на Кукуреља. Сите изгледаат добро додека не дојдат во Премиерлигата и не се обидат на тоа ниво. Барселона е фаворит за освојување на ЛШ? Не, ние сме фаворити“, рече Санчез.

Се вчитува...