Голманот на Данска блесна во финалето против Хрватска па откри: Ништо не јадев цел ден

Данска ја продолжи доминацијата на големите шампионати освојувајќи го и Светското првенство. Во големото финале Данците славеа против Хрватска со 32-26 благодарение на одличниот голман Емил Нилсен.

Дваесетиседумгодишникот од првите четири обиди кон неговиот гол одбрани три, на полувремето имаше фантастични 43 отсто успешност во одбраните, а по средбата беше прогласен и за најдобар голман на шампионатот и член на идеалниот тим на истиот.

Имаше и интересна изјава откривајќи драма пред големото финале.

„Зад мене е многу бурна ноќ. Се разболев и тоа ме мачеше синоќа. Не спиев цела вечер, заспев тек околку 9 или 10 утрото. Се разбудив половина час пред да излеземе на теренот. Ништо не јадев цел ден колку бев нервозен и под стрес. Така да, многу сум среќен дека се заврши во ред“, изјави Нилсен по средбата.

Се вчитува...