Голманот на ПСЖ предизвикал тешка сообраќајна несреќа – Ламборџинито уништено, тој без посериозни повреди (ФОТО)

Голманот на ПСЖ, Полјакот Марчин Булка предизвикал тешка сообраќајна несреќа со изнајмено Ламборџини синоќа во Полска, по која за среќа минал без посериозни повреди.

Булка, кој е резервен голман во ПСЖ, поради пандемијата на коронавирусот во моментов е во родната Полска каде синоќа комплетно го уништил во сообраќајна несреќа Ламборџинито кое го изнајмил додека е во Полска. Се обидел да претекне автомобил при голема брзина, но загубил контрола и удрил во Хјундаи кои доаѓало од спротивната страна.

По судирот со Хјундаито Булка излетал од патот но, за среќа, минал само со полесни повреди. Од Ламборџинито кое чини 224.000 евра буквално нема ништо.

Се вчитува...