Голманот Реџепи со голем „кикс“ – Беласица поведе против Шкендија среде Тетово (видео)

Беласица сосема неочекувано прва дојде во водство на гостувањето во Тетово против шампионот Шкендија, и тоа по катастрофалната грешка на домашниот голман. Тренерот Османи за овој меч реши да го одмори Захов и на негово место му даде шанса на Беким Реџепи, но овој чувар на мрежата потфрли во 11. минута, кога при едно исфрлање му ја додаде топката на Вусљанин, кој од околу 40 метри со лоб-удар ја смести во неговата мрежа.

Шкендија на овој меч настапува без Бесарт Ибраими, но и во отсуство на најдобриот стрелец успеа до полувремето да го сврти резултатот во своја полза, поведувајќи со 2-1 со головите на Емини и на Жуниор.

Се вчитува...