Голот на Николов од минатата година за потсетување како да се сруши „бункерот“ во Вадуц… (ВИДЕО)

Во досегашната меѓусебна фудбалска историја Македонија има седум победи и само едно реми, она од септември 2002 година, кога во Вадуц одигравме 1-1 во квалификациите за ЕП.

Четири натпревари сме одиграле во Скопје, со славје на сите четири, а исто толку и во Лихтенштајн, со една победа помалку, со тоа што сигурно се памети и најубедливата победа во историјата на македонскиот фудбал кога во квалификациите за СП 1998 на 9. ноември 1996 година во Ешен славевме со 1-11.

А, во најсвежно сеќавање е онаа последната од март минатата година кога во квалификациите за СП победивме со 0-3. Како треба да се сруши „бункерот“ на домаќините најдобро говори прекрасниот погодок на Бобан Николов во 43. минута, а на асистенција на Иван Тричковски, со кој го отворививме резултатот…

Гол разликата е 31-5 во корист на македонската репрезентација.

Се вчитува...