Голот што „суперталентот“ Хансен го претвори во „суперѕвезда“ (видео)

Минаа точно единаесет години од еден од најубавите погодоци во ракометната историја, ремек-делото на Микел Хансен во дресот на Данска, на дуелот со селекцијата на Русија на Олимписките Игри во Пекинг.

Русите водеа цел натпревар и беа на прагот на сензација, со предност од 24-23 на триесетина секунди до крајот. Данците успеаја да израмнат, а потоа „зборнаја“ во обид да постигне брз гол му подари последен напад на противникот. Судиите досудија девет метри со звукот на сирената, по што остана време само за еден последен удар.

Данска имаше бројни асови во своите редови во тој тим, но топката во рацете ја зеде 20-годишниот Микел Хансен. И ја смести во горниот агол од мрежата, крај немоќниот руски голман, за огромна данска радост среде Пекинг. И најава дека Хансен поседува потенцијал да стане еден од најдобрите ракометари на својата „ера“, што дефинитивно се потврди во изминатата деценија.

Се вчитува...