Голови и победа на „пандевци“ посветени на Димов, поддршка за што побрзо враќање на терените (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Академија Пандев стигна до повеќе од значајна победа на гостувањето против Работнички во битката за опстанок.

Стрелец на вториот гол за струмичани за триумф од 0-2 беше Кристијан Велиновски во 77. минута, кој голот и победата ја посвети на стандардниот првотимец на „пандевци“, Диме Димов кој поради тешка повреда го чека долга пауза.

Димов се оперираше поради скинати лигаменти на коленото, па сигурно ќе мора да паузира до крајот на сезоната. Па, соиграчите токму за него ја посветија денешната победа како поддршка за што побрзо враќање на терените.

 

 

Се вчитува...