Голови за бестселер: Марадона, божјата рака и шоуто против Англија (ВИДЕО)

22 јуни 1986 година. Поминаа 34 години, а светот ќе ги памети засекогаш головите за бестселер на Диего Марадона со кои ја урна Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Мексико.

Ривалитетот меѓу Аргентина и Велика Британија беше вжештен четири години претходно и со Фолкландската војна, а на фудбалскиот терен „царуваше“ Марадона. Првиот гол беше легендарната „божја рака“ во 51.минута, а само четири минути подоцна нанижа пет противнички фудбалери и ја затресе мрежата на Питер Шилтон.

Се вчитува...