Гонзало: Предизвик ми е да му бранам на Кире Лазаров

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Доколку Македонија сака да стигне до успех на вечерашниот дуел со Шпанија, клучно ќе биде да не се дозволи да се разбрани Гонзало Перез де Варгас. Голманот на Барселона, кој важи за еден од најдобрите во Европа, е свесен за квалитетите на нашиот национален тим, во преден план очекувано поставувајќи го Кире Лазаров, со кого неколку години настапуваше заедно во Барселона.

Точно е дека добро се познаваме со Кире и тоа може да биде опасно и за двете страни, но вистината е дека јас сакам да бранам против него. Тоа ми е голем предизвик бидејќи Лазаров не шутира така силно како другите „бомбардери“, но е ракометар што секогаш при шутот гледа во голманот, како се движи… Затоа дуелите со него се секогаш интересни“ – изјавува Гонзало Перез де Варгас.

Тој не пропушти да го истакна и Шпанецот Раул Гонзалес како значаен фактор за одличните резултати на Македонија во првиот круг од ова ЕП.

„Игравме со Македонија и лани, но клучната разлика е доаѓањето на Раул Гонзалес на клупата на оваа репрезентација. Тој покажа дека е еден од најдобрите тренери во светот, очигледно е дека ракометарите целосно му веруваат и создадена е одлична атмосфера. Затоа ние ќе мораме да бидеме многу внимателни, но и трпеливи бидејќи во секој случај натпреварот ќе биде крајно неизвесен“ – порачува голманот на шпанската репрезентација.

Се вчитува...