Гонало Перез де Варгас беше клучна фигура на дуелот меѓу Шпанија и Шведска, не само поради бројните одлични интервенции, туку и заради ферплеј потегот кога шпанскиот голман реагираше по покажаниот црвен Картон на Ване, „ургирајќи“ шведското крило да остане на теренот.
„Секогаш велам дека најважно е да бидеш чесен кон самиот себе, ја избирам искреноста пред се. Тоа е многу подобро отколку да живееш со дамки на совеста… Не можеме да знаеме што ќе се случуваше ако тој добиеше црвен картон, особено ако се знае дека ни даде неколку голови во финишот, но јас во ниту еден момент не се двоумев. Судијата не виде најдобро, а ако премолчев тоа ќе беше исто како да лажам. Кога топката ќе ме удри во лице секогаш се жалам, но тоа не се случи овојпат“, изјави Перез де Варгас.
Хампус Ване исто така се осврна на тој клучен момент од натпревароте.
„Неверојатно, таков натпревар меѓу две моќни репрезентации, а Гонзало сепак избра да биде искрен. Тоа е фантастично“, прокоментира шведскиот крилен ракометар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА