Горан Пандев избран за делегат во ФФМ од ОФС Струмица

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев е избран за делегат на Собранието на ФФМ во ОФС Струмица.

Неговиот клуб Академија Пандев го предложи Горан за претставник на Општинскиот фудбалски сојуз во Струмица, а за време на годишното собрание тој беше и избран. Самиот Пандев преку видео врска се вклучи во изборот, а покрај него одбрани се и Ѓорги Гоцевски за претседател и Ванчо Коцев како трет делегат.

ОФС Струмица минатата година не одбра претставници и не учествуваше на Собранието на ФФМ. Пандев во јануари премина од редовите на Џенова во Парма каде на крајот на сезоната ќе ја заврши фудбалската кариера.

Се вчитува...