Горан Симов нов тренер на Македонија ЃП

Горан Симов е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Македонија ЃП. Поранешниот тренер на Вардар и на Силекс, доаѓа во Ѓорче Петров на местото на Муарем Бајрами кој во петокот се раздели со „лавовите“.

Симов практично се враќа во Ѓорче Петров, каде мина дел од кариерата како голман од 2005 до 2008, и беше освојувач на првиот трофеј во Купот во 2006 година.

Во својата тренерска кариера беше шеф само на два клуба. Од 2019 до 2021 во Силекс, и од 2021 до 2022 во Вардар. Како тренер го освои Купот во 2021 година предводејќи го Силекс до трофејот откако во финалето ја совлада Академија Пандев на пенали.

Се вчитува...