Вечерашниот реванш беше рутина за Вардар кога станува збор за пласманот во следната рунда, но денешниот меч беше од огромно значење за Сергеј Горбок, кој по долга пауза поради повреда на коленото конечно се врати на терените. Тој постигна два погодоци од два обиди, оној првиот беше вистинско ремек-дело од десет метри.
„Загреб не беше толку добар на првиот меч, но вечерва одигра одлично. Ние добро влеговме во мечот, бевме подобри во првиот дел, но во второто полувреме нешто не одеше. Многу работев за да се вратам на теренот, полно ми е срцето што дадов свој придонес во оваа победа“ – изјави Горбок.
Јасно е, играч со квалитетите и искуството на рускиот бек сигурно ќе му биде од голема помош на тренерот Парондо во клучниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА