Ѓорческа ја освои четвртата титула во двојки оваа година: Триумф и во Хехинген

Најдобрата македонска тениерка, Лина Ѓорческа стигна и до четвртата титула во двојки оваа календарска година, освојувајќи го турнирот на ИТФ фјучерсот вреден 60.000 долари во Хехинген (Германија).

Ѓорческа заедно со Романката Кристина Дину во финалето во Хехинген славеа против вторите носителки, српско-шпанската комбинација Олга Даниловиќ и Георгина Гарсија Перез. Во финалето победија во три сета, со 4-6, 7-5 и 10-7 за еден час и 32 минути игра.

Претходно Лина Ѓорческа ги освои и турнирите во двојки на фјучерците во Минск, Есен и Гецо.

Се вчитува...