Ѓорческа со 2-0 до финале во Грција!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческa се пласираше во финалето на турнирот во Хераклион откако ја совлада романската тенисерка Мириам Бјанка Булгару со 2-0.

Македонката во првиот сет славеше со 6-4, додека во вториот сет Романката пружи поголем отпор за кој на Ѓорческа и требаше и седми сет за славје од 7-6 (7-5).

Во големото финале Ѓорческа силите ќе си ги одмери со Русинката Екатерина Макарова која славеше со 2-1 против Летонката Дарија Семенистаја.

Се вчитува...