Ѓорческа запрена од третата носителка на турнирот во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот кој за награден фонд од 25.000 долари се игра во Фридек-Мистек, Чешка.

Во второто коло на турнирот Ѓорческа, по повеќе од два часа игра, во три сета загуби од третата носителка Екатерина Горгодзе од Грузија со 6-3, 3-6, 3-6.

За македонската тенисерка останува уште настапот во игра на двојки. Заедно со Гркинката Граматикопулу, како први носителки, во четвртфиналето ќе играат против холандско-алжирската двојка Хушак/ Ибу.

Се вчитува...