Гордон задоволен од Денвер: Небото е граница!

По првиот натпревар во дресот на Денвер и убедливата победа над Атланта, Арон Гордон и Никола Јокиќ беа многу задоволни затоа што ќе соработуваат во иднина.

Гордон рече дека многу се забавувал во новиот тим, дека стилот на игра е одличен, а исто така вели дека Нагетс може да постигне одлични резултати со овие играчи.

„Играта е многу полесна со Никола Јокиќ, тој чита многу добро, ни кажува на теренот, ни кажува што сака од нас. Кога играта ја претворате во забава, тоа е многу полесно. Не ја гледам граница со овој тим. Се чини дека ги имаме сите потребни кошаркари, имаме длабочина, моите колеги се одлични во офанзива и дефанзива. Се додека работиме заедно, ништо не може да не спречи за да оствариме одлични резултати“, заклуи Гордон.

Се вчитува...