Ѓоре Јовановски: Голема победа на Беласица, Ренова по квалитет е во топ четири екипи во ПМФЛ

Беласица со триумф над Ренова од 2-4 ја отворија пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Новиот тренер на струмичани Ѓоре Јовановски вели дека е одлично што со победа го почнаа пролетниот дел од сезоната, особено со тим како Ренова кој и покрај местото на табелата, по квалитет се топ четири тим во лигата.

„Одлично е што со победа го стартувавме пролетниот дел од сезоната. Местото на табелата на Ренова само залажува, бидејќи според мене по квалитетот на играчите се во топ четири екипи во македонскиот шампионат. Во сите натпревари Беласица нема што да калкулира бидејќи сме во таква ситуација во која на секој натпревар и против секој противник мора да одиме на победа против секој противник. Добро е што победивме, но не се залетуваме. Мора да бидеме со ладни глави бидејќи сезоната е таква каква што е и нема многу време за одмор“, вели Јовановски. 

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе ја пречека екипата на Струга Трим и Лум.

Се вчитува...