Горецка донесе реми за реновираната Германија против Србите во Волфсбург

Селекциите на Германија и на Србија ремизираа 1-1 на пријателскиот натпревар во Волфсбург. Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, ги доведе Србите во водство со голот во 12.минута. Тој со удар со глава го изненади Мануел Нојер.

Селекторот на „панцирите“, Јоаким Лев, кој значително ја подмлади националната селекција, направи неколку промени во вториот дел, а во игра го уфрли и Леон Горецка, кој донесе израмнување во 69.минута. Во самиот финиш, Србија остана со играч помалку, откако Милан Павков поради груба беше исклучен.

Се вчитува...