Горецка херој за Баерн Минхен во дербито против Лајпциг (ВИДЕО)

Баерн Минхен стигна до минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Ред Бул Лајпциг во дербито на 27. коло во германската Бундеслига. Клучниот момент на натпреварот се случи во 38. минута кога Леон Горецка на асистенција на Томас Милер постигна гол за злато вредни три бода во борбата за титулата во германскиот шампионат.

Баерн Минхен со овој триумф сега има 64 бода што се огромни плус седум во однос на денешниот противник кој се наоѓа на втората позиција.

 

 

 

Се вчитува...