Ѓорге Стојчев и официјално нов тренер на Академија Пандев (ФОТО)

Како и што се очекуваше, Ѓорге Стојчев и официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев.

„Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски“ – се вели во соопштението на Академија Пандев по официјалната промоција на новиот тренер.

Академија Пандев претходно донесе и две нови имиња во своите играчки редови, Пепи Ѓоргиев, кој пристигна од Албанија, како и поранешниот младински репрезентативец Димитар Митровски.

Се вчитува...