Ѓорѓев со два гола во убедливиот триумф на Грасхоперс над Арау

Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев со два гола беше предводник во победата на неговиот Грасхоперс над Арау од 5-0 во 24. коло од  втората швајцарска лига. Ѓорѓев прво во 32. минута зголеми на 2-0 за својот клуб, а потоа и во 57. за 4-0. Останатите голови за Грасхоперс ги постигнаа Моранди, Пушиќ и Бен Калифа.

Ѓорѓев сезонава за Грасхоперс забележа дваесет и еден настап на кој постигна четири гола. Со оваа победа клубот на нашиот интернационалец се искачи на втората позиција во втората лига со 40 бода и до крајот ќе има тешка борба со третиот Вадуц за позицијата која води во плеј-офот за пласман во елитниот шампионат.

Се вчитува...