Ѓорѓев со нов гол за Грасхоперс

Никола Ѓорѓев продолжува со одличните партии во дресот на Грасхоперс, откако македонскиот интернационалец постигна нов погодок за својот тим во втората швајцарска лига.

Грасхоперс ја пречека на домашен терен екипата на Лозана Уши и славеше со убедливи 4-0, продолжувајќи го походот за експресен камбек во елитното швајцарско фудбалско друштво. Ѓорѓев влезе во игра на почетокот од второто полувреме, а само дваесетина минути подоцна ја затресе мрежата на гостите за водство на Грасхоперс од 3-0.

Ова беше петти погодок на Ѓорѓев во последните месец дена, со што Македонецот е меѓу најзаслужните за извонредната серија со која Грасхоперс се искачи на второто место на табелата.

Се вчитува...