ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Одбојкарскиот свет го врти фокусот кон почетокот на Европското првенство, а за првпат во историјата меѓу привилегираните селекции учесници е и Македонија. И не треба да се остане само на настап, туку уште од стартот да се „нападне“ победа против Финска. Според капитенот Никола Ѓоргиев, кој дефинитивно го има потребното искуство, само нашите одбојкари треба да останат мирни и да не скокаат преку мрежа од преголема возбуда. Квалитативно, тој смета дека Македонија може да им парира на Финците.
„Ја анализиравме Финска, гледавме неколку видеа, добро ја знаеме нивната игра. Не се ништо подобри, можеме да се надигруваме, само треба да останеме мирни и психолошки да го издржиме моментот дека ни е прв настап на ЕП. Не треба од преголема возбуда да скокаме преку мрежата, туку да наметнеме своја игра и да останеме фокусирани во текот на целиот меч. Доколку бидеме во наше најдобро издание, на Финска нема да и биде лесно денеска во „Стожице“, вели капитенот Никола Ѓоргиев.
За Финците ова е 18.настап на европските првенства, имаат голема одбојкарска традиција, а за нас деби и можност да се отпочне историја со успешен резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА