Ѓоргиев и Јосифов во Дрим-тимот на Европската лига!

Сосема очекувано, двајца Македонци се најдоа во изборот на Дрим-тимот на Европската лига за актуелнава сезона, Никола Ѓоргиев и Ѓоко Јосифов кои на свечената церемонија во Копенхаген добија и специјални признанија.

Покрај Ѓоргиев и Јосифов во најдобриот одбојкарска состав од Европската лига се најдоа и Олексеј Клиамар, Максим Дрозд и Владимир Ковалчук од Украина, како и Расмус Ојле Нилсен од Данска и Ентон Тенгерут од Шведска.

За МВП на Ф4 турнирот од Европската лига беше прогласен Украинецот Максим Дрозд.

Се вчитува...