Ѓоргиев и Куевен донесоа победа на Шкупи против Олександрија

Македонскиот првак Шкупи излезе како победник на првата пријателска средба одиграна на подготовките во Анталија. Чаирскиот тим беше подобар од украинска Олександрија со 2-1.

Пепи Ѓоргиев во 13. минута донесе водство за Шкупи, а на вториот гол на чаирчани се чекаше до 54. минута кога во противничката мрежа погоди Куевен.

Украинците преку Мелник само успеаја да намалат во 70. минута.

Се вчитува...