ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
По двата порази од Финска и од Турција, македонските одбојкари имаат уште поголем предизвик, дуел со актуелниот европски првак Русија. Можеби и нема голема надеж за позитивен резултат, но Никола Ѓоргиев и соиграчите ќе сакаат да покажат дека двете претходни изданија и не беа најдоброто што го може Македонија. Поголем мотив од меч против селекцијата што го брани европскиот трон и нема.
„Со Русија мислам дека ќе изгледаме одлично затоа што немаме никаков притисок. Русите се европски прваци. Верувам дека ќе бидеме многу послободни на теренот, а тоа веројатно ќе донесе и да погодуваме сервиси и тешки топки, што не ни успеваше претходно“, вели капитенот Никола Ѓоргиев во пресрет на денешниот дуел со европскиот првак.
По денешниот трет натпревар, утре македонската репрезентација има слободен ден, да земе малку сила за последните два меча во групата против Белорусија в понеделник и против домаќинот Словенија во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА