Горпишин си замина од Вардар: „Клубот ми должи, но ги добив документите…“

Рускиот репрезентативец Сергеј Горпишин по само една сезона заминува од редовите на Вардар. Иако со уште една година од договорот, сепак рускиот пикер не е во комбинација за следната сезона поради што предвреме заминува од Скопје.

„Заминувам од Вардар. Ги добив веќе документи и јас сум слободен ракометар. Но, и покрај тоа што сум слободен долговите се уште не се расчистени. Од Вардар се обврзаа дека ќе ги расчистат сите обврски“ – вели Горпишин за рускиот „Брз центар“, најавувајќи враќање во Германија.

„Имам неколку понуди од Германија, иако не се исклучува можноста и на друго место да ја продолжам кариерата“.

Горпишин пристигна во Вардар на почетокот од сезоната, но поради проблеми со повреди не успеа да се наметне во екипата. Вардар за следната сезона на пикерската позиција ги има Стоилов и Калараш.

Се вчитува...