Горпишин: Вардар не се одбива, ова е шанса за скок во кариерата

Сергеј Горпишин е пресреќен што ќе добие шанса да заигра во Лигата на шампионите, и тоа во дресот на поранешниот европски првак Вардар. Управата на „вардарци“ реши да му даде шанса на овој руски двометраш како замена за Бразилецот Мораеш, договарајќи ги условите за двогодишна соработка почнувајќи од јули 2019 година.

Ако се знае дека Горпишин сезонава ја мина во потпросечниот германски прволигаш Ерланген, јасно е зошто Русинот е воодушевен од шансата за огромен чекор напред во кариерата.

„Понудата од Вардар ја добив веднаш по СП 2019 во Германија. Да бидам искрен, не очекував вакво нешто, ваков развој на настаните. Благодарен сум што се мислело на мене, знам дека Вардар е клуб што не се одбива и кога ми се укажа шанса секако дека ја прифатив. Целиот живот го минав во Германија, овде почнав да се развивам и како ракометар, но кога таа голем клуб ќе сака да те ангажира секако дека сторив се зза трансферот да се реализира“ – изјави Горпишин.

Се вчитува...