Госенс одби повеќе пари од Њукасл за да оди во Интер

На Њукасл не му успеа да ангажира уште едно засилување. Станува збор за германскиот интернационалец Робин Госенс. Тој наводно одбил повеќе пари од Њукасл, само да потпише за Интер, кој е во заврши преговори со Германецот.

Левоногиот фудбалер беше таргет на Премиер-лигашот, кој сакаше да му даде 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси. Но, тој сега ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ за 2,5 милиони плус бонуси.

Аталанта исто така соопшти дека ќе бара 30 милиони евра за Госенс, но веројатно ќе ја прифати понудата која изнесува 25 милони од Интер.

Госенс би требало да биде замена за Иван Перишиќ кој заминува на крајот на сезоната како слободен играч.

Се вчитува...