Јирген Клоп тотално го надмудри Ерик тен Хаг во денешната дерби-пресметката од Премиерлигата за неверојатен триумф од 7-0 на Ливерпул против Манчестер јунајтед на „Енфилд“.
Па, сосема очекувано Клоп беше и во центарот на вниманието по крајот на мечот. Познато е дека Клоп традиционално на специфичен начин, еуфорично, ги слави победите на својот тим пред најзагреаната ливерпулова трибина на „Енфилд“. Навивачите тоа го очекуваа и го бараа од него и вечерва, но успеа да ги изненади покажувајќи им дека тоа денеска нема да го гледаат.
Анализирајќи го овој потег на Клоп, англиската јавност е убедена дека сето тоа го направи само од почит кон Манчестер јунајтед не сакајќи со своето славје дополнително да го омаловажува тимот од „Олд Трафорд“. Со тоа и дефинитивно ја воодушеви фудбалската јавност.
Иако навивачите го повикуваа и бараа од него да ја сподели со нив победата онака како што го прави тоа секогаш, само одмавна со раката и порача дека не може тоа денеска, иако и од изразот на неговото лице беше видливо колку е пресреќен за убедливата победа.
Клоп беше умерен и на прес-конференцијата по мечот покажувајќи максимална почит за Манчестер јунајтед…
„Немам зборови. Беше тоа спектакуларна вечер за нас. Ете, го игравме нашиот најдобар фудбал против еден навистина квалитетен тим. Таков фудбалот, еве може да се случи и ова“ – истакна Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА