„Господин лузер“ – Солксјер е најлошиот тренер во историјата на Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солксјер на среќа на навивачите на Манчестер јунајтед го заврши својот мандат на „Олд трафорд“. Тој денеска и официјално доби отказ по скоро четири години во кои по ништо нема да остане запомнат.

Никој тренер во историјата на Јунајтед не бил толку лош како Оле Гунар Солксјер. Единствен е без трофеј во ерата по Сер Алекс Фергусон, а еден податок покажува колку Норвежанецот навистина беше „изгубен во преводот“.

Тој сезонава освои само 17 бода во првите 12 натпревари што е втор најлош учинок во историјата на клубот, веднаш зад ланската сезона во која исто така беше предводник на „црвените-ѓаволи“ кога освои само 16 бода на првите 12 натпревари.

 

 

Се вчитува...