Гостивар го зеде скалпот на шампионот сред Скопје

Гостивар го изненади актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, совладувајќи го нагости со 72-78. Одличната игра во одбраната во текот на целиот меч, беше клучот за победа на Гостиварци, во првиот кошаркарски натпревар во Македонија во новата декада.

Актуелниот шампион натпреварот го почна со петорка составена од македонски кошаркари (Стојановски, Николов, Магдевски, Маслинко и Крстевски). Првата четвртина помина во израмнета игра во која за нијанса подобри беа гостите, добивајќи ја со два поени разлика (21-23). Во вториот период продолжи одличната игра во одбрана на двете екипи, во која повторно за нијанса беа подобри гостиварци, кои на пауза заминаа со предност од 35-38.

Гостите и во третата четвртина успеаја минимално да ја зголемат предноста и по 30. минути игра да имаат предност од плус пет (50-55). Избраниците на Марјан Србиновски одличната игра ја пренесоа и во последната четвртина која успеаја да ја материјализираат за конечен триумф од 72-78.

Прво име во победничкиот табор беше Доналдсон кој постигна 20 поени, надополнети со пет скока и три асистенции, а одлични беа и Димчевски со 19 и со 18 поени. Кај шампионот Дамјан Стојановски со 15 поени, а Магдевски уфрли 11.

Се вчитува...