Гостивар останува перфектен во кошаркарскиот шампионат

Кошаркарите на Гостивар остануваат единствената перфектна екипа во домашниот шампионат, откако во последниот меч од денешната понуда во 6. коло славеше на домашен терен против Струмица со убедливи 102-80.

Гостите од Струмица имаа сила да му пружат отпор на големиот фаворит само во првата четвртина во која имаа негатива од четири поени 27-23. Во втората четвртина гостиварци заиграа далеку подобро и на пауза веќе имаа двоцифрена предност 50-40.

Во вториот дел само ја зголемуваа својата предност за конечен триумф од 102-80. Грузискиот интернационалец Корсантиа со 21 поен беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Крстајиќ заврши со 16 поени.

Се вчитува...