Гостивар се извлече, Охрид немаше сили за изненадување

Екипата на Гостивар оствари сензационален триумф на гостувањето во Охрид во 8. коло во Првата лига на Македонија, со резулатат од 81-77 (27-21, 17-15, 13-24, 24-17). Гостиварци заслужено заминуваат со победа од салата „Билјанини извори“ откако успеаја да го издржат притисокот на домашниот состав и не дозволија да се случи пресврт во последните минути од средбата, охрижани ќе жалат за испуштената можност да направат изненадување пред своја публика.

Гостиварци подобро ја започнаа средбата, со високи 27 поени ја превзедоа контролата и имаа +6 по првите 10 минути, додека до паузата ја освоија и втората четвртина, па резултатот на полувремето гласеше 44-36 во корист на кошаркарите на Србиновки.

Сепак, охриѓани во продолжението најдоа начин како да го одрбанат својот кош, дозволија само 13 поени на противникот во третиот период и успеаа да направат пресврт (60-57), кој требаше да се одбрани во последната четвртина. Одлучувачкиот период донесе многу неизвесност, Гостивар на пет минути до крајот успеа да ја врати својата предност која ја градеше цело прво полувреме, но веќе во наредните неколку напади Охрид повторно изненади. Сепак, во последната минута Гостивар успеа да се одбрани и при тоа да постигне шест поени во низа, а со двете слободни фрлања на Тасовски на 20 секунди до крајот Гостивар го обезбеди тешко заработениот триумф.

Рос Кенет беше вистинска опасност за гостите од Гостивар, реализираше 27 поени, додека Реми Бери заврши со 16 поени. Александар Тодоровиќ беше најефикасниот кошаркар за гостиварци со 22 поени и 8 скока, Сегариќ постигна два помалку, додека Тасовски заврши со 13 поени.

Се вчитува...