Гостивар се засили со искусниот Ѓорѓи Танушев

Гостивар продолжува со засилувањата за следната сезона, а последен кој им се приклучи на „сино-белите“ е искусниот Ѓорѓи Танушев. Офанзивецот во западна Македонија доаѓа од редовите на Силекс каде имаше одлична сезона.

Тој со 12 постигнати гола претходната сезона беше еден од најзначајните играчи на кратовскиот тим и воедно еден од најзаслужните за враќање во прволигашката конкуренција.

Искусниот фудбалер во минатото беше дел уште на Пелистер, Академија Пандев, Победа, Борец и Брегалница Штип.

Се вчитува...