Гостивар со крајни маки до победа над жилавиот Работнички

Кошаркарите на Гостивар го совладаа тимот на Работнички во 4. коло во кошаркарското првенство на Македонија. Иако гостите покажаа жилавост во неколку наврати, домашниот тим ја продолжи триумфалната низа со 87-76.

Првата четвртина беше крајно изедначена, се проверуваа силите на двете страни, па истата заврши со 23-23. Во вториот период, тимот од Скопје направи разлика од 20-24, по што на пауза се замина со предност од четири поени.

Пресвртот се случи во третиот период во кој Гостивар брзо дојде до предност, а потоа успеваше умешно да ја одржува, 21-16. Веќе во последната четвртина домаќините во целост го пробија отпорот на Работнички, направија брза серија од плус десет, која се покажа како сосема доволна за нова победа во низа.

Грузиецот Гиорги Корсантија со 19 и Американецот Лувејн Пипкинс со 17 поени беа најпрецизни во победничкиот состав, додека новакот Камерон Форте со 18 поени беше најефикасен кај Работнички.

Се вчитува...