Гостиварци без проблем до триумф над Шкупи

Кошаркарите на Гостивар ја продолжија серијата добри игри од стартот на сезонава, бележејќи ја четвртата победа во низа на домашниот натпревар против Шкупи (94-78). Стануваше збор за пресметка меѓу два нови прволигаши, но гостиварци со далеку посериозниот ростер влегоа како големи фаворити и без многу мака ја оправдаа оваа улога.

Шкупи парираше само во првата четвртина што гостите од Скопје ја добија со 18-19, резултатот беше израмнет до 15. минута (30-30), за потоа домаќините да ја преземат контролата. На одмор се замина со предност на Гостивар од 41-35, за избраниците на Србиновски во третата четвртина да стигнат и до двоцифрена предност, не дозволувајќи им на гостинските кошаркари ниту за момент да се понадеваат на изненадување на овој натпревар.

gostivar skupi2

Сегариќ со 24 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, Тодоровиќ оствари дабл-дабл од 18 поени и 12 скока, додека младиот Зекири реализираше 12 скока. Прв стрелец на Шкупи повторно беше Американецот Харис со 22 поени.

gostivar1

Се вчитува...