Готова работа: Халанд потпишува за Сити, годишно ќе заработува преку 30 милиони евра!

Ерлинг Халанд и неговиот агент Мино Раиола и таткото на играчот Алф-Инге, договориле трансфер на напаѓачот во Манчестер Сити, објави Мајк Киген, уредникот на „Дејли Мејл“.

Џанлука Ди Марцио пред една недела напиша дека Халанд наводно го одбил Реал Мадрид, и прифатил да оди во Сити, кој брка трансфер на играчот веќе два месеци.

Борусија Дортмунд беше наклонета кон понудата на Реал, затоа што идната година откупната клаузула на Халанд се зголемува за 120 милиони, додека ова лето изнесува „само“ 75 милиони. Сепак, одличниот голгетер уште ова лето заминува. Халанд исто така ќе заработи богатство во Сити.

Тимот од Манчестер наводно му понудила на Халанд сума која не може да ја одбие. Договорот е на пет години, и неделна плата од 500.000 фунти, или 600.000 евра, што ќе значи преку 31 милиони годишно без бонуси. Добро ќе заработи и неговиот менаџер, кој ќе „лапне“ 70 милиони евра!

Со тоа голгетерот ќе ја исполни и желбата на неговиот татко, кој ја заврши кариерата токму во Сити.

Се вчитува...