Готово е: Столе Димитриевски заврши со Рајо и го прави трансферот на кариерата!

Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Валјекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и што деновиве го комплетира трансферот на кариерата! ЕКИПА дознава дека само прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во големата Барселона. Веќе има договор, челниците и сега останува само потпис. Сега трансферот од соништата е извесен.

Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови. Ќе треба да се бори за место во тимот со Тер Штеген, и покрај тоа што и иднината на Германецот е неизвесна и се шпекулира на негово заминување. Ако тоа се случи, тогаш ќе биде уште подобро за Столе.

Фотомонатажа: ЕКИПА

Димитриевски сезонава игра фантастично, ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига. Одличната форма на Димитриевски го радува и селекторот Благоја Милевски пред баражот со Италија, а своите  импресивни партии Столе ги промовираше и во репрезентативниот дрес и беше еден од заслужните што Македонија се пласираше во историскиот бараж.

Димитриевски пред извесен период беше посакуван и од рускиот тим Сочи, но се реши да остане во Рајо и се избори за место во првиот тим, а потоа стана и еден од најдобрите голмани што му донесе голем трансфер. Инаку освен Барселона, за Димитриевски има интерес и од неколку други шпански клубови.

Се вчитува...