Готово е: Јунајтед го договори третото засилување летово!

Фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба (22), ќе премине во Манчестер Јунајтед откако двата клуба се договорија за трансферот на Камерунецот. Клубот од „Олд Трафорд“ ќе му плати на Брајтон 80 милиони евра за „слободата“ на поранешниот играч на Лил.

Балеба одигра 92 натпревари за Брајтон во изминатите три сезони и постигна три гола. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска. Брајтон претходно за него му плати 30 милиони евра на Лил.

Манчестер и Брајтон со денови преговараа за трансферот на камерунскиот репрезентативец, а договорот беше постигнат во петокот вечерта, по што на играчот му претстои уште да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со славниот клуб, пренесува Би-би-си.

Се вчитува...