Готово е: Мане стана соиграч со Кристијано Роналдо

Откако стана јасно дека за Садио Мане нема иднина во Баерн Минхен, Сенегалецот не чекаше многу да најде нов клуб. Според информациите од Германија и од Англија, крилниот напаѓач веќе се договорил со Ал Наср, за негов трансфер во овој клуб и со тоа ќе стане соиграч со Кристијано Роналдо.

Мане по само една сезона мината во Минхен, го напушта Баерн и се сели во земјата во која летово се преселија многу познати фудбалски имиња. Сенегалскиот интернационалец ќе заработува многу повеќе во овој клуб, кој иако има забрана за трансфери, сепак, не го спречува да ги договара идните чекори.

Ал Наср има долг кон еден фудбалер од 400.000 евра. Но тоа е ситница од она што го дава овој тим за плати и за трансфери на играчи, па се очекува во следните денови да биде решен и тој проблем, па Мане да стане соиграч со Роналдо и со Брозовиќ, кој се пресели во овој клуб.

Се вчитува...