Њукасл ќе добие нов сопственик во следните триесетина дена откако конечно е постигнат договор за купопродажба на контролниот пакет на акции, од Мајк Ешли на инвестициски фонд од Саудиска Арабија.
Преговорите за купувачката страна ги водеше британската милијардерка Аманда Стејвли, која на крајот успеа да постигне договор со Ешли, за вкупна сума од околу 300 милиони фунти. Британските медиуми информираат дека двете страни се имаат договорено, а единствена пречка во моментов е интерниот договор за позајмица меѓу Стејвли и Ешли кој се коси со правилата на Премиер-лигата.
Сепак, двете страни најавуваат дека тоа ќе биде решено во најскоро време, по што целокупната документација ќе биде испратена на официјализација до англиските фудбалски власти.
Новите газди на Њукасл не кријат дека со големи амбиции ќе влезат во новиот проект, најавувајќи дека ќе подготват сериозна сума за буџет за засилувања. Планот на сопствениците од Саудиска Арабија е за нов менаџер да го доведат Масимилијано Алегри, а на врвот од листата со желби се наоѓа голгетерот на Интер, Мауро Икарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА