Пронајдена е замена за Мохамед Салах на „Енфилд“. Станува збор за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде. 19-годишниот крилен напаѓач ги договори условите со „Црвените“, а сега сè е на чекор од целосна реализација. Остануваат малку работи во договорот, кој ќе изнесува 104 милиони евра.
Официјално, сè треба да биде завршено многу брзо. Германците се задоволни од сумата, а Диоманде ќе има шанса да се покаже на големата сцена.
Младиот офанзивен играч беше поврзуван и со ПСЖ. Сепак, сè се сврте во корист на Ливерпул кога актуелниот европски шампион одлучи да го заврши договорот со Магнес Аклиуш од Монако.
Сумата што „Редсите“ ќе ја издвојат за овој фудбалер е трета највисока досега во историјата на тимот од „Енфилд“. Рекордите беа срушени претходното лето кога инвестициите беа огромни со Александар Исак и Флоријан Вирц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
