Говорот на Ибрахимовиќ на „Сан Ремо“ за кој зборува Италија: И вие можете да бидете Златан!

Златан Ибрахимовиќ беше специјален гостин низ сите вечери на музичкиот фестивал „Сан Ремо, синоќа во својот говор објаснувајќи и зошто дошол на место кое нема никаква врска со фудбалот.

Напаѓачот на Милан беше во улога на ководител на фестивалот, со што ги налути и фановите на Милан среде сезона да прифати еден таков „излет“.

За време на целото траење на фестивалот Ибрахимовиќ играше улога на арогантна ѕвезда, но синоќа воодушеви со монологот на затворањето. Неговите зборови ги пренесоа буквално сите италијански медиуми.

„Сите пред фестивалот знаеја кој е Златан. Се прашувате зошто Златан дојде тука? Затоа што сака предизвици и адреналин. Ако не си поставувате предизвици во животот, никогаш и не може да победите. Во кариерата не сум победил на сите натпревари на кои сум посакувал. Да, сум освоил 11 титули, но некои и загубив. Но, јас сум Златан и кога не победувам на секој натпревар. Затоа што пред се сме луѓе“ – истакна Ибрахимовиќ, притоа дополнувајќи:

„Неуспехот не е спротивност на успехот. Тој е дел од успехот. Да се прави ништо е најголемиот неуспех. Да се работи и греши, не е воопшто страшно. Ако Златан може да згреши, тогаш можете и вие. Најважно е секој ден да се подобрувате. Трудот, посветеноста и концентрацијата се клучни. Јас на овој фестивал сум тука за да ви кажам дека на некој свој начин и вие можете да бидете Златан. Посебна благодарност до Италија, мојот втор дом без кој Златан немаше да биде Златан“.

Се вчитува...