Градското дерби на Ливерпул ќе се игра на „Гудисон“

Потенцијално одлучувачкиот меч за титулата во Премиер-лигата, дербито меѓу Евертон и Ливерпул ќе се игра на „Гудисон парк“, откако советничката група на градот сметаше дека е доволно безбедно натпреварот да се игра на стадионот на „карамелите“.

Во минатиот период во опција беше натпреварот да се игра на неутрален терен, од страв дека верните навивачи би можеле во голем број да се соберат пред стадионот. Заменик началникот на полицијата на Јужен Јокшир изјави дека локалните власти побарале да се игра на неутрално место поради стравувањето за јавното здравје во услови на пандемијата од коронавирусот.

Сепак, на крајот советот донесе одлука дека властите може да се справат со ситуацијата и да не дозволат пред натпреварот да се соберат голем број на навивачи на градските ривали. „Мерсисајд дербито“ е закажано за 21. јуни.

Се вчитува...