„Граѓаните“ ги надиграа „чекичарите“, Лестер им се врати на победите, Евертон продолжува да тоне

Манечстер Сити се приближи кон врвот на табелата во Премиерлигата откако во 13. коло славеше над Вест Хем со 2-1 благодарение на головите на Гундоган во 33. и Фернандињо во 90. минута. Почесниот погодок за „чекичарите“ го постигна Ланзини во 94. минута.

До победа стигна и Лестер кој славеше над Вотфорд во голеадата на „Кинг Пауер“ со 4-2. Мадисон го отвори мечот со гол во 16. минута, откако Кинг изедначи на 1-1 до крајот на полувремето Варди два пати ја тресеше мрежата за 3-1. Денис во 61. минута намали на 3-2, а конечните 4-2 ги постави Лукман во 68. минута.

Евртон падна на 14. место на табелата откако загуби на гостувањето кај Брентфорд со 1-0. Единствениот гол на мечот беше дело на Тонеј кој беше сигурен од белата точка во 24. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...