Манчестер сити летово остана без „моторот„ во средниот ред, Родри, управата експресно реагираше и за 95 милиони евра го купи Ајуб Буади кој уште во првите настапи ги воодушеви соиграчите.
Буади кој на „Етихад„ пристигна од Лил, на вчерашниот дуел во Лигата на шампионите против Порто, одигра 75 минути и остави одличен впечаток. Имаше 54 успешни додавања од 55 обиди, но не се истакна само со додавањата. Влезе во 13 дуели и освои седум топки и реализираше четири успешни дриблинзи.
„Пред неколку дена му реков на претседателот дека треба да види што прави Ајуб на тренинзите. Тоа момче е вистински дијамант“, изјави Халанд за англиските медиуми.
Новиот менаџер на Манчестер сити, Енцо Мареска, кој летово го наследи Хосеп Гвардиола, уште на првите тренинзи го воочи големиот талент на Буади.
„Во дуелот против Ковентри загуби две топки и потоа почна да се враќа назад за да им помогне на соиграчите во креирањето на нападите. Некои играчи би ги фатило паника, но тој со 18 години не бега од одговорност. Буади е поинаков од неговите врсници, совршено зборува, француски, англиски и шпански јазик, тој е многу „зрел“, вели Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
