„Граѓаните“ го победија Ливерпул за четвртфинале во Лига купот на Англија (ВИДЕО)

Манчестер сити ќе игра во четвртфиналето од Лига купот на Англија, откако во осминафиналната пресметка во големиот дерби-дуел славеше против Ливерпул со 3-2.

„Граѓаните“ до триумфот дојдоа со голот на Аке во 58. минута од натпреварот.

Претходно Манчестер сити имаше предност и од 1-0 и 2-1. Најпрво Халанд погоди за 1-0 уште во 10. минута, а потоа и Махрез стрелаше за 2-1 во 47. минута. Но, Ливерпул успеваше да израмни на 1-1 со голот на Карваљо во 20. минута и потоа на Салах во 48. минута за 2-2.

Се вчитува...